Автор: J0R0
Дата: 23-07-12 22:41
Никола Јонков Вапцаров бил македонски писател од Бугарија, роден во Банско, Пиринска Македонија, Отоманска Империја.
Никола Вапцаров бил најсилен поетски талент меѓу Македонците кои создавале на други јазици, освен македонскиот. Неговата единствена стихозбирка со наслов „Моторни пѣсни“ содржи 20 песни напишани на бугарски јазик. Нему му е доделено едно од видните места во бугарската литература, иако тој самиот и во животот и преку својата поезија недвосмислено изјавувал дека е Македонец и дека ништо друго не би можел да биде и покрај тоа што создавал на бугарски јазик.
-------------------
„Ние сме Македонци. Затоа и нашето творештво треба да биде во служба на македонската кауза.“
—Никола Вапцаров, „Реферат“, 1938
ЗЕМJА
Оваа земја,
сега што ја чекорам,
оваа земја,
која пролетен ветер ја буди,
оваа земја,
не е моја земја,
оваа земја
простете е туѓа.
В зори тргам.
По фабричен друм
безбројните
рубашки
минат.
Ние сме слеани со срце,
со ум,
но земјата... за своја не ја имам.
Над мојата земја
напролет
зраци
сеат
сјај
и грмат водопади
од сонце
над роден ми
крај
Чувствуваш длабоко
срцето на земната град
и гледаш цвеќа безбројни
скокум како раснат.
Над мојата земја
в небото
опира
Пирин
Облаците в бура
илинденски прикаски пејат,
охридскиот лазур е
бескрајно син и ширен,
а надолу уште
изгрејсонце Егеј го грее.
Си спомнам ли само –
и ете надојдува крвта
во срцето, кое
се топи од некаква нежност...
Земјо моја! Прекрасна земјо моја!...
Поена со крв,
лулеана
в метежи тешки...
Песната „Земја“
Една од најмаркантните песни на Вапцаров е песната „Земја“, покрај песната „Илинденска“. Оваа песна е дел од првиот циклус на патриотски- македонски песни и во неа според македонските научници Вапцаров најотворено ја изразува својата национална припадност и својата татковина Македонија. Во песната дава поетска слика за делови од својата татковина потенцирајќи ги Пирин, Охрид и Егеј. И покрај фактот што живее во Бугарија, во песната го изразува чувството дека Бугарија не можел да ја чувствува за своја татковина.
източник: Википедија
|
|