Автор: norman-kuk
Дата: 15-04-11 13:18
Македонец ја открил Америка со Колумбо
По пет века откако стапнал првиот Македонец, била формирана група за Македонија во Конгресот
Македонец од Охрид е првиот наш потомок што стапнал на територијата на Америка, а што е поважно, тоа му успеало во 1492 година заедно со Кристофер Колумбо.
Ова го соопшти вчера Македонската обединета дијаспора, според која некој Драган од Охрид бил морнар на бродот, кој наместо во Индија, завршил на денешната американска територија, потег со кој Колумбо стана дел од светската историја. По пет века вчера во американскиот Конгрес беше формирана првата група конгресмени-пријатели на Македонија,предводена од конгресменката од Мичиген, Кендис Милер, од Републиканската партија. Според ОМД, таа ќе ги претставува интересите на „половина милион Американци со македонско потекло во САД“ и ќе биде непартиска бидејќи ќе ја сочинуваат и демократи и републиканци од Конгресот. Бројот на членовите на групата засега не се соопштува бидејќи е штотуку формирана, а за паралела - албанската група формирана во 2004 година брои околу триесетина члена, додека грчката, која е формирана во 1996 година, има 155 претставници. „Македонија е вистински пријател на Македонија. Народот на Македонија придонесе во многу мисии во светот служејќи како лидер во промовирањето на демократијата и на слободата. Македонија е една од вистинските новонастанати демократии во светот и наш интерес е да имаме цврсто сојузништво со оваа голема нација„, изјави Милер по повод формирањето на групата. Според Мето Колоски предците на македонските Американци би биле горди што денес тие служат како мост меѓу старата и новата татковина.
Цел на групата ќе биде да работи на унапредување на односите меѓу САД и Македонија и да поттикне поголема регионална соработка со соседите во ЈИЕ.
Според американските истражувања, има две стории за Драган од Охрид. Според едната, тој бил религиозен еретик што бегал од прогон во Македонија, заминувајќи во Шпанија, но, сепак, подоцна бил најден и осуден на смрт. Од палење го спасил Колумбо регрутирајќи го на својот брод егзекутиран. Според другата, Драган бил протеран од Охрид со семејството додека бил мал, откако градот им паднал в раце на Турците. Се преселиле во Шпанија каде што тој напредувал во армијата, и' станал омилен на круната и затоа бил испратен со Колумбо. Откако се вратил во Европа формирал своја експедиција и пловел до Венецуела и, бидејќи му личела на Венеција, ја нарекол со тоа име. Потоа заминал за Панама каде што, наводно, бил првиот белец што стапнал на таа територија. Инаку, Драган одамна е прогласен за Бугарин во Бугарија.
|
|