Автор: asahi
Дата: 28-08-09 14:04
Милошевиќ не е мртов?!
https://photo-forum.net/static/forum/2009-08/yupo5651.JPG
http://www.vecer.com.mk/WBStorage/Articles/5B4EC219A550134B9C727382B25A589F.jpg
Него никој не го видел мртов. Дали вие некогаш, во весниците или на телевизија, сте видел фотографија од Милошевиќ мртов? Па најверојатно досега некаде ќе се појавеше некоја снимка", тврди Бата Живојиновиќ.
Легендарниот српски актер Велимир Бата-Живојиновиќ во последното интервју за српскиот магазин Алоо тврди дека не постојат докази за смртта на поранешниот претседател на Југославија и Србија, Слободан Милошевиќ.
"Не велам ни дека е жив, но многу работи останаа нејасни", изјавил познатиот актер.
На прашањето зошто го мисли тоа, 76-годишниот Живоиновиќ навел дека тоа што никогаш не се појавила фотографија од мртвиот Слободан Милошевиќ зборува многу.
"Него никој не го видел мртов. Дали вие некогаш, во весниците или на телевизија, сте видел фотографија од Милошевиќ мртов? Па најверојатно досега некаде ќе се појавеше некоја снимка", твдри Бата Живоиновиќ.
Српскиот актер, исто така, ја коментирал неодамнешната посета на српскиот претседател Борис Тадиќ на Кина.
"Тоа требаше да се случи порано, но никагаш не е доцна. Тоа е една голема и успешна земја која сака добра иднина за нашата Србија. Јас многу ги ценам, мислам дека се многу драг народ и верувам дека оставија голема впечаток на нашата делегација", изјавил актерот.
|
|