Автор: endlessdark
Дата: 26-02-09 19:18
Од нашиот дописник
Бранко Влаховиќ
МОСКВА - Младиот бизнисмен, 28-годишниот Сергеј К., жител на градот Коломни, недалеку од Москва, почина на навистина невообичаен начин - по сексуален рекорд. Полн со сила и самоувереност, тој се обложувал дека може непрекинато да има секс со своите две партнерки цели 12 часа. Толку долго многумина не можат заедно ниту да спијат, па Сергеј навистина ударнички заработи многу пари - 200.000 рубли, но потоа беше толку исцрпен што ниту лекарите од итната помош не можеа да му го спасат животот.
Очигледно, младиот Сергеј не знаел дека со „вијагра“ и со други сексуални фармацевтски стимуланси не смее да се претерува, бидејќи последиците може да бидат трагични.
Сергеј се запознал на работа со Алина А. и Галина З. Една од девојките работела во такси-компанија, па Сергеј често пати контактирал со неа. Тој најмувал автомобил заради работа. Деловните контакти полека прераснале во сексуални односи. Во почетокот Сергеј одвоено се среќавал со девојките. Подоцна другарките низ кажување дошле до заклучок дека се гледаат со истиот сексуален колос. Често пати Сергеј ги канел дамите на вечера, а потоа некој од нив дошол на идеја да ги испробаат силите во групно натпреварување.
Желни за авантура, девојките се согласиле да отидат во постела со Сергеј во дует. Пред неколку дена девојките се обложувале со Сергеј тврдејќи дека тој не може да биде со нив цел ден. Тој тврдел дека може со двете истовремено да води љубов дури 12 часа. Ако навистина издржи, девојките биле подготвени да му платат 200.000 рубли, односно малку повеќе од 4.000 евра.
Кога пристигнале во станот, Сергеј испил неколку таблети „вијагра“, рече Алина А. подоцна пред полицијата. Покрај тоа, тој пиел и пиво. Сергеј верувал во народните совети, па јадел ореви со павлака.
Сексуалниот маратон навистина траел 12 часа. На подмосковскиот сексуален гигант девојките навистина му дале пари и тој влегол во автомобил. Меѓутоа, во возилото му се слошило. Околу 23 часот исплашените девојки повикале итна помош во Коломни и таа навистина брзо стигнала. Сергеј се' уште бил при свест, но лекарите веќе не можеле да му помогнат. Половиот орган целосно му бил црн и започнала гангрена. Го пренеле во болница, но ни таму веќе му немало спас. Единствено нешто што можеле да направат лекарите е да запишат во записникот изумирање на меки ткива на половиот орган. За жал, сексуалниот рекордер веќе не дошол при свест и околу шест часот изутрина починал.
Двете другарки кои тој ден биле со Сергеј изјавиле пред полицијата дека тој имал ерекција повеќе од последните осум часа. Така заработените пари Сергеј не успеал да ги потроши, ниту да им се пофали на другарите. Единствено московскиот „жолт“ весник „Дан“ му оддаде признание со насловот „Почина достоинствено“. Можеби Сергеј ќе влезе во книгата на Гинисовите рекорди. Дали Обвинителството ќе поведе кривична постапка против девојките или таа смрт ќе се третира како несреќен случај, засега се' уште не се знае
|
|