Автор: asahi
Дата: 04-10-04 15:55
Порнофилм се снима во Скопје "Македонски аматери бр.1 Секси маскенбал" е вториот македонски порнофилм, чија премиера ќе биде во почетокот на декември. Режисер и сценарист е Горан Милиќ, а филмот е работен во продуцентската куќа "Валијант". Станува збор за аматерски филм, кој ќе трае околу два часа. Се снима во приватен стан и во секси шопот "Валијант" во Скопје. Во "Секси маскенбал" учествуваат четири девојки и две момчиња од Македонија, на кои ова им е прво искуство во порнофилм. Девојките се маскирани и облечени во најновата еротска долна облека од секси шопот "Валијант" - "Секси маскенбал" е првенче на македонската филмска порнографија и е голем спектакл за балканските простори. Во нашата конзервативна средина ова ќе биде вистински новитет. Филмот се снима со голема енергија и желба да се создаде нешто што во соседните земји функционира со години. Видеоизданието на "Секси маскенбал" ќе може да се купи во сите трафики во нашата земја - вели режисерот Горан Милиќ. За потребите на филмот режисерот направил кастинг, на кој се пријавиле 20-ина девојки и 70 момци. За една сцена актерот добива од 100 до 150 евра. Горан вели дека најважен при изборот на актерите бил физичкиот изглед и сите сексуални способности што тие можат да ги прикажат во текот на снимањето. - Со актерите потпишавме договор дека доброволно го снимаат филмот, дека се полнолетни и психофизички здрави. Последните сцени од филмот сакам да ги снимам во природа, што значи дека поканата за учество во филмот е отворена - вели Горан. Содржината на филмот, како што вели тој, е класична за аматерските порнофилмови: снимателот води интимен разговор со актерите, по што следуваат жешките сцени. Во филмот актерите користат и различни секс-помагала. Горан открива дека за снимање една сцена им биле потребни неколку часа за да се опуштат срамежливите момчиња. Музиката во "Секси маскенбал" ќе биде автентична македонска и ќе се снима специјално за филмот. За промоцијата режисерот Милиќ ќе приреди коктел-забава, на која ќе бидат прикажани цензурирани сцени од филмот. Тој планира да сними уште најмалку две продолженија од серијалот "Македонски аматери".
|
|