Автор: Lalinda
Дата: 07-10-09 23:32
Попаднах случайно на тази статия и интересен кадър с обяснение как е получен:
Објавена слика на вселенски син кит
10.07.2009
Астрономите од Австралиската научна организација CSRIO (Australia's Commonwealth Scientific Research Organization) објавија слика на скриеното лице на огромната галаксија наречена Кентаур А (Centaurus A), која емитува радио сјај кој покрива 200 пати поголема површина од таа што ја покрива сјајот на полната Месечина.
Кентаур А е оддалечена 14 милиони светлински години од нас и се наоѓа во соѕвездието Кентаур на јужната полутопка. Таа во себе крие супермасивна црна дупка, чија маса е 50 милиони пати поголема од онаа на Сонцето. Оваа црна дупка создава млазови од радиоемитирачки честички, кои се исфраат на милиони светлински години навор во Вселената.
Меѓутоа, за жал, оваа спектакуларна глетка е невидлива за голо око. Само мал дел од галаксиите во Вселената му припаѓаат на овој вид гиганти. Затоа, научниците и им го имаат дадено името „сини китови на Вселената“ – тие навистина се огромни и ретки.
Со помош на телескопот ATCA (Australia Telescope Compact Array) на CSRIO, галаксијата била набљудувана во текот на неколку години, повеќе од 1200 часови. При тоа, биле направени 406 поединечни слики, кои потоа биле составени, како делови од мозаик, во она што денес го гледаме како слика на галаксијата Кентаур А. За самото обработување на сликата (комбинирање на податоци, одземање на ефектите од радио-интерференцијата и прилагодувањо на динамичниот опсег), на вработените во CSRIO им биле потребни уште додатни 10 000 часа.
Сликата на синиот џин, која претставува воедно и најдеталната радио-слика од било која галаксија која исфрла радиомлазови, била создадена преку макотрпна трансформација на радиобрановите од оваа галаксија, и за првпат деновиве е објавена за пошироката јавност. Астрономите, пак, ќе ја искористат оваа слика како помош при разбирањето на интеракцијата на црните дупки и радиомлазовите со ѕвездите и ѕвездениот прав од галаксиите, како и при разбирањето на развојот на галаксиите низ времето.
Кентаур А е најблиска од галаксиите кои содржат супермасивни црни дупки кои исфрлаат радиомлазеви, а самиот тој факт ја прави и најлесна за проучување. Научниците се заинтересирани за понатамошното проучување на овие ретки масивни галаксии особено поради поточното одредување на улогата кои црните дупки ја имаат при формирањето и растот на галаксиите.
Кентаур А е еден од првите откриени космички извори на радио зрачење надвор од нашата галаксија. Видливата галаксија беше откриена и забележана во опсерваторијата Парамата, близу Сиднеј во 1826 година и беше каталогирана како NGC 5128. Додека, пак, како извор на радиозрачење галаксијата беше откриена од страна на научниците од CSIRO во Сиднеј бо 1947 година.
Сликата на Кентаур А на CSIRO беше претставена на 3 јули, на Меѓународната конференција „Многуте лица на Кентаур А“, во Сиднеј.
цък
|
|