Автор: Amigo
Дата: 10-08-10 23:37
руските пожари виновни за ускоряването на глобалното затопляне
Пожарите во Русија го забрзуваат глобалното затоплување
10 август 2010, 16:07
Извор: Риа Новости/
Високите емисии на јаглерод диоксид од големите шумски пожари во Русија би можеле целосно да го забрзаат процесот на глобално затоплување.
Русија го трпи најголемиот топлински бран во последните 130 години, односно од кога таму се врши мерење на температурата. Во централна Русија владеат температури од 40 степени, а некаде и над тоа.
Еколозите од Ворлд Вајлдлајф Фонд(ВВФ) истакнуваат дека шумските пожари и емисиите на јаглерод моноксид се дел од кружниот циклус што го сочинува глобалното затоплување.
„Зголемената емисија на јаглерод диоксид води кон топла и со суша погодена клима, која согласно со тоа, го зголемува ризикот од шумски пожари“, истакнуваат од ВВФ, пренесува Риа Новости.
Светските научници истакнуваат дека нивото на јаглерод диоксид останува присутно долго по гаснењето на пожарите, бидејќи дрвјата во процесот на гниење го ослободуваат овој гас во воздухот, како последица на тоа, опожарените шуми ослободуваат повеќе јаглерод диоксид, отколку што успеваат да апсорбираат во период од 30 години.
Централна Русија во текот на викендот и почетокот на неделата е погодена од 500 пожари, а горат повеќе од 190.000 хектари шума.
|
|