Автор: Lalinda
Дата: 04-07-08 22:04
Сркајте таратур
Се појави новиот web-site www.taratur.com.
Затоа радувајте се чеда Божји, интернетољубци милни на ова роденче и да му посакаме долг живот.
На “ТАРАТУР” ќе читате вести од земјата и странство, ќе информираме за состојбата на патиштата на планинските превои во Холандија, за гламурозниот ноќен живот во Буркина Фасо, репортажи за големите пространства на Науру и Тувалу, ќе пренесуваме извештаи од конгресите на Савез Комуниста Југославије (СКЈ), на Демократската Унија за Интеграција (ДУИ) и други важни фактори од политичкиот живот, ќе даваме видувања и ставови за определени општествени прашања од државна важност и тн.
Значи се што ви треба е:
· 1/2 главица лук
· масло
· кисело млеко со Знак за квалитет
· јогурт со Знак за квалитет
· краставица
Начин на приготвување:
Исчистете го лукот и истолчете го во дрвен аван, потоа постепено додавајте масло, толчејќи, а потоа додајте кисело млеко и јогурт. Киселото млеко разредете го со вода. На крајот ставете ситно исечена краставица, вклучете комјпутер, поврзете се на интернет и пишете www.taratur.com
|
|