Автор: Lalinda
Дата: 13-03-09 12:49
Родено бебе со два пениси
Докторите во московската болница по повеќечасовна операција му обезбедија на малечкото момче нормална иднина откако од два пениси му овозможија да има еден функционален.
Момчето Артиом Г. се роди пред две недели после нормална бременост при која докторите не откриле никакви проблеми. По породувањето докторите останале збунети бидејќи малиот Артиом се родил со два пениса.
Заради тоа, бебето брзо било префрлено во специјална московска клинија, каде е подложено на комплицирана операција, каде што докторите од двата негови пениса направиле еден.
„Операцијата беше комплицирана, мораше од два пениса да формираме еден, но и да оформиме некои други органи, како мочен меур на пример. Кога нашите колеги од болницата каде што е роден малиот побараа помош, веднаш прифативме, не претпоставувајќи за колку сложена интервенција се работи. Сепак кога ќе порасне ќе биде нормален маж кој ќе може да има деца“, вели докторот од московската клиника, после успешната операција.
Ова не е прв случај на бебе кое се роди со два пениса. Минатата година во Кина се роди бебе со пенис на грбот.
12.03.2009
***
Натпросечно интелигентните немаат среќа во љубовта
Натпросечно паметните луѓе имаат помалку успех на љубовен план, константираше докторот Алекс Бензер, образложувајќи ги причините за ова.
Во својата статија насловена „Зошто најпаметните луѓе најтешко доаѓаат до состанок“, д-р Бензер тврди дека причината се крие во ставот оти за нив никој не е доволно добар.
„Генерално гледано, паметните личности за дружење бараат еднакво паметни поединци едноставно за да не им биде досадно“, објасни Бензер и продолжи дека со самото тоа ’елиминирале 95 % од светската популација’.
Доктор Бензер додаде и дека изразено паметните поединци во врските се прилично неприлагодени бидеќи поголемиот дел од детството и младоста биле насочени на постигнување на школски успех, и со самото тоа стекнале помалку искуство на прашањето за љубовните и меѓучовечките односи.
Исто така, самонаречените или пак етаблираните интелектуалци сметаат дека заради нивните лични достигнувања добиваат и екстра бодови кај потенцијалните партнери.
„Но дипломите и разните вештини не гарантираат и успех на романтичен план, важно е чувството кое го предизвикувате кај другата личност“, констатира докторот.
Алекс Бензер како недостаток на натпросечно паметните луѓе ја гледа, и во поголем број на случаи, нивната неосвестена сексуалност. Студијата ја заклучува советувајќи ги паметните ’да престанат да анализираат бидејќи се програмирани да се размножуваат’.
12.03.2009
taratur.com
|
|